Две лица повредени во сообраќајка меѓу автомобил и мотоцикл во Скопје

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила минатата ноќ на булеварот „Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје.

Според информациите, несреќата се случила меѓу автомобил „рено меган“ управувано Н.A.(44) од Скопје и мотоцикл управуван од О.Ј.(44) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки.

- Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, а со телесни повреди се здобил сопатникот на мотоциклот Д.Л.(30) од Скопје констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, соопшти МВР.

Извршен бил увид од увид екипа од СВР Скопје.