Одложен прекинот на вода на „Партизанска“ кој беше најавен за денес

Најавениот прекин на водоснабдување на булевар „Партизански Одреди” број 79, поради промена на затворач ф-100мм се одложува за утре. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот се до завршување на активностите, информира ЈП „Водовод и канализација” – Скопје.

Без вода ќе бидат корисниците на дел од булеварот „Партизански Одреди”, од број 58 до број 83.