Новогодишна Зоо бајка

Од Зоолошката градина ги покануваат најмалите да бидат повторно дел од веќе традиционалната Новогодишна Зоо бајка која ќе се одржи на 27 декември годинава во градината, со почеток во 12 часот.

- Во пресрет на Новата година, за вас подготвивме новогодишна театарска претстава која ќе ве одведе во земјата на омилениот Дедо Мраз, а во 13:00 тој со магичното вовче ќе допатува директно во Скопје Зоо и ќе подели подароци за сите дечиња од нашите пријатели и спонзори. Се гледаме на 27.12 ( недела), со почеток од 12:00 во Зоолошка градина Скопје, напишаа на својата Феејсбук страна. 

Настанот ќе биде по сите здравствени протоколи, безбеден за сите и на отворено. Носењето маска е задолжително.