Во време на пандемија 325.000 евра се потрошени за диносауруси

Поранешниот градоначалник на Скопје, Коце Трајановски, реагира на потрошените средства за Џурасик парк во скопската зоолошка градина. Смета дека во време на пандемија, кога Македонија ги брои жртивите од корона, непотребно е да се трошат пари за вакви работи.

Во време на пандемија и рецесија еве на што се трошат 325.000 евра – напиша Трајановски на својот фејсбук профил.

Во овој парк  има 41 диносаурус во природна големина. Диносаурусите имаат синхронизирани движења, дишење, трепкање и испуштаат звуци.

Ова е прв Дино парк на Балканот каде има толкав број на диносауруси. Паркот ќе зафаќа површина од 2.000 метри квадратни.