Нов симптом на корона вирус ги загрижува лекарите од регионот

Сè поголем број пациенти со ковид се жалат на болки во грбот, изјави д-р Александар Стојановиќ, директор на здравствениот дом Палилула гостувајќи во утринската програма на телевизија Курир.

-Еден од симптомите е болка во ‘рбетот, речиси секој втор, трет пациент над 40 години нема други потешкотии, туку само болка во грбот. Со овие симптоми се среќаваме за првпат. Овој вид е специфичен. Имаш болки во кичмата, немаш температура, правиш тест и си позитивен. Имаме заразени и бебиња од еден месец, месец и пол. Тинејџерите го поминуваат на нозе. Симптомите ќе бидат поблаги. Но, возрасните уште се најранливи, изјави д-р Стојановиќ.