Ни половина од Македонците не се вакцинирани против ковид

Заклучно со 21 август вакцинирани се вкупно 875.486 лица со барем една доза на вакцина против КОВИД-19 во државата и странство. Комплетно вакцинирани со две дози се вкупно 856.527 лица.

Со една доза на вакцина против КОВИД-19, во државата и странство, вакцинирани се 59,5 отсто од населението над 18 годишна возраст, односно 55,2 проценти од население над 12 годишна возраст, додека од вкупното население вакцинирани се 47,7 отсто.

Опфатот со две дози на вакцина против КОВИД-19 кај населението над 18 годишна возраст изнесува 58,2 проценти, односно 54,0 отсто кај население над 12 годишна возраст. Опфатот со две дози кај вкупното население изнесува 46,6 проценти.

Опфатот со трета доза кај населението над 18 годишна возраст изнесува 11,1 проценти, додека кај населението над 12 годишна возраст е 10,2 отсто.

Опфатот со трета доза на вкупното население изнесува само 8,8 проценти.