Една година од смртта на маестро Александар Џамбазов. Неговиот син, Игор, сподели емотивни зборови по повод годишнината.
-Помина една година. Цела година. За миг. За час. Помина побргу од која било детска песничка што си ја напишал.
Сигурен сум дека си добар таму горе.
И нека не ти е мака што не си овде долу, со нас.
Да ти кажам искрено стари, ништо не си пропуштил.
Медиокритетите и понатаму ни диригираат по сопствени партитури, а ние божем одбиваме да свириме фалш.
Она што вредеше во годинава што летна се љубовта и почитта од луѓето за тебе, изразена во малку солзи и уште повеќе насмевки.
Нема да ти посакам да бидеш добар, оти таму кај што си, не може да ти е лошо. Чувај ми место до клавирот .. - напиша неговиот син.