Само во Македонија пат од неколку километри се прави цели три години. Вакви се реакциите на граѓаните на социјалните мрежи на автопатот кај Катланово кој се реконстурира веќе неколку години.
Средствата за овој автопат се обезбедени од Европската банка за обнова и развој, а директорот на ЈП за Државни патишта, Ејуп Рустеми неодамна потврди договорот со компанијата „Бетон“ е раскинат.
На оваа тема, вчера во негов стил, на социјалните мрежи пишуваше и актерот Сашко Коцев.
Да се збереме утре да ги направиме овие 2км автопат Петровец-Катланово? (4 години минаха), напиша тој на фејсбук.