Дарко Гелев Брејк отвора ново радио - најави дека ќе биде број 1

Во минатонеделното интервју на единствената емисија посветена на главниот град на Македонија - Скопје Але Але која се емитува на Телма Телевизија секој викенд, ексклузивно Дарко Гелев - Брејк откри дека стартува со ново радио кое ќе биде од забавен карактер, односно народна музика. 

Освен што вети дека истото ќе биде број 1. кога станува збор за емитување на радио програма, го откри и името кое ќе го носи ова ново радио - „Радио Естрада“.