Видео: Џамбаз и Гуру Харе со последни подготовки за големиот јубилеј во Филхармонија, ситно се бројат деновите од неговиот 60 роденден

Познатиот шоумен, Игор Џамбазов, денес на својот инстаграм профил објави видео снимка од последните подготовки по повод неговиот 60 роденден и одбележувањето 30 години од соработка помеѓу него и неговиот животен блуз-сопатник Гуру Харе.Како што велат тие, сето ова ќе биде прославено заедно на 21 октомври во Македонската Филхармонија, со концерт на кој ќе биде изведен новиот матерјал од албумот „Првите триесет“, како и нивните најголемите хитови.

Во продолжение погледнете го видеото од последните тонски проби во пресрет на големиот концерт на Игор Џамбазов и Гуру Харе, вечните борци против кичот, шундот, турбо-фолкот и плејбекот.