Игор Џамбазов најубаво ја опиша пандемијата и тоа со само три реченици

Македонскиот шоумен, фантастичен музичар и несомнено, прекрасен писател, Игор Џамбазов и денеска на својот прифил ги сподели своите мисли. Овој пат како негов мотив се најде пандемијата. 

Користејќи само три реченици, без големо филозофирање или вртење, тој ја раскажа вистината за коронавирусот и стравовите со кои ние секојдневно се соочуваме последните 2 години.

„Вчера имав контакт со лице кое завчера имало контакт со девојка која си имала контакт со дечкото, чиј вујко бил во контакт со братучед кој е суспектен. Сега ми се јави братучедот. Здрав ко дрен. Стресови...“, напиша Игор во својата објава на инстаграм.

Дали и вие се пронајдовте во неговите зборови?