Не паркирајте под високи дрва, се очекува засилен ветер и дожд

По најавите од Управата за хидрометеоролошки работи за појава на засилен јужен ветер над 60км/час и можна појава на краткотраен дожд во попладневните часови денес и утре, од ЈП „Паркови и зеленило“ упатуваат апел до граѓаните да не ги паркираат своите возила под високте дрвја, со цел да се избегнат несакани последици.

Исто така, доколку забележите паднато дрво можете да го пријавите во Центарот за управување со кризи на телефон 195 или да се обратите со директна порака или мејл до претпријатието, со цел екипите да интервенираат.