Во Скопје годинава подигнати дури 12.954 метри квадратни зеленило повеќе

Во изминатиот период ЈП Паркови и зеленило-Скопје интензивно работеа на подигнување на нови зелени површини на повеќе места низ градот. Ова вчера го соопшти директорот Ангеле Сотировски кој поднесе оставка. 

-Во изминатиот период успеавме да подигнеме неверојатни 61.491 м2 зелена површина низ Град Скопје. За споредба, минатата година во Град Скопје беа подигнати 48.537м2 зелена површина - што би значело дека во овој период успеавме да подигнеме повеќе зелени површини од дури 12.954 м2, соопшти вчера тој.