Намалете ја подуеноста на природен начин

Диуретиците се состојки кои ни помагаат во исфрлањето на водата и токсините од нашето тело.

Photo by Kiran K. on Unsplash

Задржаните течности во нас често можат да предизвикаат подуеност, чувство на тежина, замор, но и други симптоми. Насобраната вода во организмот често е последица на нарушен хормонален баланс, претерано внесување на сол, шеќери и маснотии, како и недоволен внес на витамините од групата Б и протеини.

Најчесто тоа се случува при:

  • Долго седење или стоење
  • Мал внес на течности во текот на денот
  • Топло време кое предизвикува отоци на нозете и зглобовите
  • Хронични болести
  • Предменструален циклус кај жените
  • Намалена функција на бубрезите
  • Висок крвен притисок

Кога велиме диуретици, голем дел од нас мислат на лековите кои предизвикуваат зголемено лачење урина. Одредени медицински состојби сепак бараат примена на такви лекови, но за подуеноста која е привремена, нутриционистите препорачуваат природни состојки. 

Сам по себе, диуретикот нема да ви помогне да ги намалите масните наслаги, но може да ви помогне во исфрлувањето на вишокот течности. Се препорачуваат следните природни диуретици:

Вода (1-2 литри во текот на денот)

Чај од ѓумбир или пак смуди од ѓумбир со лимон, цитрон или портокал

Млака вода во комбинација со јаболков оцет

Чај од коприва

Чај од брусница

Чај од магдонос

Увин чај

Зелен чај

Се препорачуваат и:

Домати

Доматите содржат многу вода, а богати се и со каротен, антиоксидантот ликопен, како и витамин Ц. Редовното консумирање домати придонесува за отпуштање на водата од бубрезите, како и исфрлање на токсините. Освен тоа, доматите содржат и органска киселина и пектини кои го активираат процесот на варење на храната. 

Краставица

Таа е богата со вода и други состојки кои придонесуваат за исфрлање на токсините. Придонесува и кон чувство на ситост, но и намалување на масните наслаги, односно намалување на холестеролот.

Морков

Морковот ја поттикнува работата  на метаболизмот, го поттикнува исфрлањето на течностите и токсините и затоа редовно се препорачува како природен диуретик.