Најголеми последици од невремето во Скопје има во Чаир (Видео)

Невремето што го погоди Скопје вчера попладне се чини најголема штета предизвика во Чаир. Насекаде низ населбите има паднати дрвја и искршени гранки.

Откорнати дрвја и покриви се забележани и во Лисиче во скопската Општина Аеродром.

Како што објави Макфакс претходно град ги погоди приградските населби Илинден и Драчево, а во Бутел подвозниците беа непроодни од насобраната вода од силниот дожд.