Општина Кисела Вода информира дека поради најавите за невреме, концертот на групата “Фортуна” кој требаше да се одржи вечерва на локацијата Три Круши, се одложува.
Воедно, се одложува и хумористичната театарска претстава со Гоце Тодоровски и Ванчо Петрушевски проследена со музички настап на Момо Николовски, закажан за утревечер.
Истите ќе бидат одржани во нов термин.
-Концертот на групата Фортуна ќе се одржи на 20.07.2016
-Хумористичната театарска претстава со Гоце Тодоровски и Ванчо Петрушевски, која ќе биде проследена со музички настап на Момо Николовски ќе се одржи на 21.07.2016.