"Три круши 2018": Утревечер Искра Трпева, во сабота Сузана Спасовска и Мишко Талески

Продолжува културното лето на Општина Кисела Вода “Три круши 2018”.

Утре, петок, 13.07.2018, со почеток во 20 часот, на локалитетот Три круши во селото Драчево, концерт ќе одржи Искра Трпева, додека во сабота 14.07.2018, во истиот термин, 20 часот, и на истата локација, концерт ќе одржи Сузана Спасовска, а свој настап ќе има и Мишко Талески.

Ве покануваме сите да бидете дел од “Три круши 2018”! Влезот за сите случувања во рамки на културното лето е бесплатен.