Хумор и песна вечерва на "Три круши". Настап на Гоце Тодоровски, Ванчо Петрушевски и Момо Николовски

Хумористична театарска претстава со Гоце Тодоровски и Ванчо Петрушевски вечерва ќе биде изведена на локалитетот Три круши во село Драчево. Освен во актерската игра, публиката ќе може да ужива и во музичкиот настап на Момо Николовски.

Настанот е закажан за во 20:30 и е дел од културното лето “Три круши 2016” кое е во организација на општина Кисела Вода. Во рамки на истото, синоќа одличен концерт одржа групата “Фортуна”.