На Водно нема забрана за движење, се прават редовни контроли со цел превенција од пожари

И натаму активна е делумната забраната за движење низ шуми поради екстремно високите температури и заштита од пожари. 

Забраната важи за перидото од 6 до 20 часот, а казните за оние кои нема да ја почитуваат забраната изнесуваат од 1.500 до 2.000 евра.

Забраната важи и за движења во националните заштитени подрачја Јасен, Маврово, Попова Шапка и Пелистер. На подрачјето на Водно, каде што нема забрана за движење, се предвидени редовни контролa, известуваат надлежните. 

Забраната, која што не го опфаќа Водно, ќе трае се до проценката дека ризикот од шумски пожари е намален, a движењето ќе биде дозволено единствено со писмено одобрување издадено од страна на подружниците на ЈП „Национални шуми“, за подрачјето со кое управуваат.

- Да бидеме одговорни и да ги заштитиме нашите шуми од шумски пожари и бесправни сечи. Сега, кога температурите се високи и кога постои ризик од висок степен, да бидеме совесни и да помогнеме во зачувување на природата и шумите. Тие се нашиот живот. Апелирам на почитување на мерките од надлежните институции. За секоја итна дојава, пријавете на броевите 112 или 193, порача деновиве министерот  за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.