Моќни сојузници во борбата против стресот

Постојат одредени билки кои имаат уникатни својства и имаат моќ да го донесат нервниот систем во состојба на рамнотежа и смиреност.

Photo by Nathan Dumlao on Unsplash

Тие се нарекуваат адаптогени, билки кои енергизираат,а  имаат и подмладувачко дејство на нашето тело.  

Ашваганда

Photo by Bankim Desai on Unsplash

Ашвагандата е еден од најпопуларните лекови во последно време. Таа му помага на телото да се прилагоди на стресните ситуации бидејќи ја подобрува издржливоста, дава издржливост, но и сила на умот. Таа ја поддржува и работата на мозокот, го намалува нивото на кортизол кој е познат како хормон на стресот, а го подмладува и нервниот систем.

Камилица

Photo by Mitchel Lensink on Unsplash

Камилицата како чај или етерично место често се препорачува кај состојбите во кои чувствуваме немир, хиперактивност, недостаток на концентрација и поголем стрес.

Куркума

Photo by Osha Key on Unsplash

Куркумата е моќен антиоксидант кој не само што помага во намалување на воспаленијата во нашето тело, туку помага и кај симптомите на влошено расположение, стрес и депресија.

Роза

Photo by Albert Dera on Unsplash

Розата е едно од нашите најомилени цвеќиња, а таа често се препорачува поради нејзиниот убав мирис. Можете да наберете рози и да ги ставите во вазна во просторот во кој работите или живеете, да направите купка или пак да мирисате етерично масло од рози. Тоа гарантирано ќе ви помогне да се опуштите и да се изборите со стресот.