Млад возач удри во велосипедист кај „Скопјанка“ - МВР со детали за несреќата

Велосипедист е тешко повреден во вчерашната сообраќајка кај трговскиот центар Скопјанка. 

- На 13.03.2024 во 14.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Кузман Јосифовски-Питу“ и ул.„Бојмија“ во Скопје, патничко возило „сеат леон“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Ф.Н.(25) од Велес, удрило во велосипед управуван од Т.М.(70) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, соопшти полицијата. 

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.