МКД РАП – Најголемиот рап фестивал во Скопје

Урбан Денс заедно со АДИДАС и СКОПСКО со особено задоволство и чест, ви го најавува МКД РАП – најголемиот рап фестивал во Македонија со артисти и изведувачи кои се исклучително од нашата земја.

Со повеќе од 20 концертни настапи во живо и дј сетови на Македонски артисти на 23 Април на Скопскиот Саем, со врвна бина, звук и светло, гласно ќе одекне првиот фествал на оригинален Македонски Хип Хоп.

Настапи во живо:

– Легијата, Гринаут, Брус, ЛД Пистолеро, Тонио Сан, Кемп О.Д, СТР2…, Блажеј, Страјк, Ронин, Зад Аголот, Длабока Трага, Контра Напад, Паки, Ауторизација, Дивизија, Герила, Да Титаниум, Кискинов

Дји

– Чваре, Димитри од Чаир, Дрази Драгс, Гоце САФ, Оки Доки, Илич

Претпродажба од пo 11ти Април во целата мрежа на Купикартизасе.