Музичка „битка“ помеѓу рап продуцентите Ненад Брус и Марко Зад Аголот

Пред просториите на КСП Центар – Јадро, со почеток во 20:30 часот ќе се одржи музичка „битка“ помеѓу рап продуцентите Ненад Брус и Марко Зад Аголот.

Инспирирани од американскиот концепт „Verzuz“, продуцентите ќе ги судрат своите каталози на продуцирани песни во минимум 10 рунди. Во секоја рунда продуцентите ќе пуштат по една песна.

Настанот нема оценувачки карактер, туку е еден вид на пријателски натпревар, славење на хип хоп културата и уживање во талентот и креативноста на учесниците.