Матурантите на протест пред МОН - бараат да им се скрати материјалот за државна матура

Дел од средношколците излегоа на протест пред Министерството за образование и наука (МОН) и побараа да им биде намален материјалот за државна матура.

Матурантите сметаат дека загубиле премногу настава за да може добро да се подготват за полагање на редовната државна матура, па побараа реакција во надлежните, а ако не се случи тоа, тогаш ќе протестираат и во следните денови.

Претседателот на сојузот на средношколци, Лука Павичевиќ кажа дека тие не се организатор на протестот, но додаде дека во следните недели ќе има Генерално собрание на кое ќе се разгледаат барањата на средношколците.