Малолетен штитеник на дом побегнал додека го враќале по претходно бегство

На 07.10.2021 во Полициската станица Центар, од Јавната установа за згрижување деца било пријавено дека С.Ј.(13) самоволно се оддалечил од придружбата, додека бил спроведуван во установата поради претходно бегство.

Тој и претходно во повеќе наврати самоволно ја напуштал установата и бил враќан назад. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.