Македонски државјанин пронајден мртов во мотел во Урошевац

Вчера попладне бил пронајден мртов маж на 61 годишна возраст, државјанин на Македонија во мотел во област на градот Урошевац,Косово известува МИА.

Во изјава за медиумите портпаролот на полицијата за регионот Урошевац, Канун Весели вели дека телото било пронајдено во четвртокот во 16:35 часот.

- “ На 15.02.2024 година, околу 16,35 часот, добивме информација дека на автопатот Урошевац-Приштина, во мотел во Урошевац, без знаци на живот е пронајден 61-годишен маж, државјанин на Македонија. Неговата смрт е констатирана од страна на лекарски тим, изјави Весели.

Тој рече дека полицијата излегла на местото на настанот, додека по налог на надлежен обвинител, телото на починатиот е испратено на обдукција во Институтот за судска медицина во Приштина. Случајот се води како „истрага за смртен случај“