Македонски државјанин уапсен во Косово, сакал да продаде 96 илјади фалсификувани долари

Управата за истраги на економски криминал и корупција во петокот вечерта во соработка со други безбедносни институции спроведе оперативен план за спречување на внесување фалсификувани пари во Косово. 

Од страна на истражното одделение е соопштено дека осомничениот И.Д., (родена 1970 година, државјанин на Северна Македонија) внел фалсификувани пари на Косово, поточно американски долари. Осомничениот бил приведен откако се обидел да пушти во оптек поголема количина американски долари за кои постои сомнение дека се фалсификувани. На осомничениот му е одреден е во притвор од 48 часа. 

Од полицијата соопшуваат дека осомничениот продал 100 фалсификувани долари за 40 евра. 

„При извршување на полициската акција одземени се: 960 парчиња банкноти од 100 американски долари во вкупна вредност од 96,000.00 американски долари, возило користено во случајот од пријавениот и мобилен телефон“ се вели во соопштението на косовската полиција