Летни прошетки: 5 причини зошто пешачењето во лето е одлично за нас

Редовното пешачење може да ни донесе бројни здравствени придобивки.

Photo by Levi Kyiv on Unsplash

Ова се неколку причини зошто треба да пешачиме почесто.

Ментално здравје

Истражувањата покажуваат дека секојдневните прошетки придонесуваат кон превенција на стресот, анксиозноста и депресијата.

Одржување на нормална и здрава телесна тежина

Пешачењето ни помага да ги намалите калориите, а со самото тоа придонесува и за одржување здрава телесна тежина. Комбинацијата на здрава и врамнотежена исхрана со редовни прошетки е една од најдобрите програми за намалување на килограмите и одржување на здрава телесна тежина.

Намалување на високиот крвен притисок и холестеролот

Прошетките се одлични за луѓето кои имаат проблеми со хипертензија, висок холестерол, како и болки во зглобовите и мускулите. Освен тоа, тоа помага и во намалување на ризикот од срцеви заболувања и дијабетес тип 2.

Подобрување на когнитивните функции

Истражувањата покажуваат голема поврзаност помеѓу пешачењето во природа со бистриот фокус и подобрената концентрација.

Подобро варење на храната

Редовното пешачење придонесува за добро функционирање на дигестивниот систем и го намалува чувството на подуеност, што е често присутно во текот на летото.