Солени бомбици повкусни од топено сирење (фото)

Состојки:

500g биено сирење

3 лажици рендан пармезан

1 јајце

100g брашно

½ лажичка оригано

лебни трошки

масло

Начин на подготовка:

Изрендајте го биеното сирење, додадете го пармезанот и јајцето и добро измешајте.

Во добиената смеса додајте го брашното и ориганото.

Измесете го убаво тестото, a ако гледате дека премногу е течно додадете уште малку брашно.

Од добиеното тесто направете топчиња кои подоцна ќе ги извалкате во лебни трошки.

Топчињата сo лебни трошки пржете ги во масло додека не поруменат.

По вадењето ставете ги на салфетка која ќе го впие вишокот масло.

Послужете со сос по желба или со салата.