Кривични за инцидентот во Кратово: Две лица нападнаа полицајци

СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.Ј.(27) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“, против Д.К.(23), А.С.(23) двајцата од Кратово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување службено лице при вршење службено дејствије“ и против Д.М.(30) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“.

- На 08.01.2024 првопријавениот на плоштадот во Кратово, со остар предмет физички ги нападнал С.П.(22) и М.Д.(20). При приведувањето на првопријавениот, второпријавениот и третопријавениот физички ги нападнале полициските службеници, по што на местото на настанот пристигнал четвртопријавениот со патничко возило, во кое се качиле останатите пријавени, соопштија од полицијата во дневнито билтен.