Кривична против маж од Кочани, физички нападнал малолетничка

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против В.З.(24) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“.

- На 22.02.2024 во средно училиште во Кочани, пријавениот физички нападнал малолетничка и ѝ нанел повреди, соопшти полицијата во денешниот билтен.