СВР Тетово со серија на кривични пријави за насилство

СВР Тетово поднесе повеќе кривични пријави против осомничени кои изврише насилство.

На 20.01.2024 пријавените Џ.С.(33), Д.С.(31) и малолетник, сите од с.Слатино физички го нападнале А.А. од истото село и му нанеле повреди. Против нив е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „насилство“.

Уште една кривична пријава е поднесена против малолетник од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 05.07.2023 пред угостителски објект во Тетово, пријавениот физички нападнал друг малолетник.

Кривична пријава е поднесена и против Ф.Д. од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 17.01.2024, пријавениот во угостителски објект во Тетово физички го нападнал З.Р.