Полицајци му нанеле тешки повреди откако агресивно се однесувал кон нив

Наместо рутинско приведување и носење во полициска станица, полицајци се обвинети дека му нанеле тешки повреди на осомничено лице.

„Вчера во 14.25 часот на улица „Марко Цепенков“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го привеле Ј.М.(46) од Охрид затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. При приведувањето бил извршен преглед кај него, при што била пронајдена и одземена марихуана.

Во врска со настанот, Ј.М. пријавил дека, при преземањето мерки кон него, полициските службеници употребиле прекумерна сила, при што се здобил со тешки телесни повреди.

За настанот бил известен јавен обвинител и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионалним стандарди при МВР. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава“ се вели во соопштението на МВР