Кумановец истепал полицаец, а потоа го оштетил инвентарот во СВР Куманово

Вчера во 21.45 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода 19-годишниот Н.П. од Куманово затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана, извести МВР.

„Исто така, при приведувањето, физички нападнал полициски службеник, а подоцна оштетил и дел од инвентар во просториите на СВР Куманово“, соопшти МВР.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.