Кривична за 21-годишен Германец кој го вееше знамето на „Голема Албанија“ во Тетово

21-годишник од Германија го веел знамето на т.н. Голема Албанија на плоштадот во Тетово.

Одделот за криминалистичка полиција - Сектор за општ и насилен криминал во содејство со СВР Тетово го расчисти кривично-правниот настан кој се случи на 11.08.2023 на плоштадот во Тетово, при посетата на косовскиот премиер Албин Курти, кога беше развиорено знаме на т.н. „Голема Албанија“, со што е сторено кривично дело по чл.319 од КЗ. По преземени оперативно тактички мерки, утврден е идентитетот на лицето кое го сторило кривичното дело - А.М.(21), кој е германски државјанин, соопштија денеска од полицијата. 

Во координација со ОЈО Тетово, против лицето ќе биде поднесена кривична пријава по член 319 од КЗ до надлежното обвинителство за натамошно постапување.