Приведени три лица од Албанија со фалсификувани британски пасоши

Денеска во 14.30 часот на Граничен премин аеродром ,,Св. Апостол Павле“ во Охрид, полициски службеници ги лишиле од слобода М.В.(24), Б.И.(31) и малолетничка, сите од Република Албанија.

- При пасошка контрола и проверка било констатирано дека лицата на увид приложиле фалсификувани британски патни исправи, информираат од МВР.

Како што соопшти МВР, трите лица биле предадени на Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Охрид за понатамошна постапка.