Колку чекори дневно се потребни за здрав и долговечен живот?

Луѓето кои редовно пешачат ќе се согласат дека ова е една од најдобрите активности за нашиот ум и тело.

Photo by Sincerely Media on Unsplash

Според истражувањата потребни се околу 8000 чекори 2-3 пати во петок на неделата за да можеме да го намалиме ризикот од рана смрт. 

Ова истражување е спроведено на Универзитетот Кјото и Универзитетот во Калифорнија со што се анализирани податоците на 3100 испитаници. Резултатите покажуваат дека оние кои пешачеле околу 8000 чекори барем два пати недели се соочуваат со намален ризик од рана смрт за 14,9% за разлика од оние кои не се активни. Најголеми здравствени користи од пешачењето биле забележани кај луѓето постари од 65 години.

Самото истражување покажало дека редовното пешачење е и одлична активност за намалување на ризикот од срцеви заболувања, гојазност, дијабетес, висок крвен притисок и депресија.