Ќе учам меѓународни односи за да помогнам на Бугарите во Македонија, вели Пендиков

Христијан Пендиков, кој беше претепан во Охрид на 19 јануари, вчера доби бугарско државјанство и најави дека ќе студира во Бугарија, по што сака да се врати во Македонија за да им помогне на Бугарите во државава.

Пендиков кажа дека се чувствувал заштитен затоа што знаел дека зад него стои Бугарија и откри дека секој ден добива закани по животот.

Охриѓанецот планира да се запише на универзитет во Бугарија и да учи меѓународни односи и човекови права.

- Секогаш ќе помагам бидејќи ние сме Бугари од Македонија кои треба да внимаваат еден на друг, кажа Пендиков.