Охриѓанецот Христијан Пендиков доби бугарски пасош

Христијан Пендиков, кој беше претепан во Охрид на 19 јануари, ја завршил процедурата за добивање на бугарско држјавнство, објавија медиумите од Бугарија.

Молбата на Пендиков за добивање на бугарско државјанство била одобрена од надлежните институции во Софија и тој ги добил бугарскиот пасош и личната карта.

По инцидентот во Охрид се влошија односите меѓу Македонија и Бугарија, откако Софија оцени дека се зголемила омразата кон Бугарите во Македонија.

Во Охрид трае судењето за напаѓачите на Пендиков, а еден од нив кажа дека не се чувствува виновен.