Напаѓачот на Пендиков се разболе и не се појави на судење

Илија Спасевски, кој го нападна Христијан Пендиков, се разболел и поради неговото отсуство се одложи денешното рочиште.

Адвокатот Димитрија Цобoски, кој е бранител на Спасевски, со медицинска документација го правдаше отсуството и побара да му се врати и пасошот кој му е одземена поради опасност од бегство.

- Илија е болен и се наоѓа во неговиот дом, но со оглед на неговата дијагноза и нарушена здравствена состојба ќе предложам времено да му се врати патната исправа на обвинетиот Спасески, за да може да побара и изврши прегледи во странство, кажа адвокатот Цобоски.