Ќе одговара ли и битолчанец за тепањето на Пендиков?

Христијан Пендиков, кој неодамна доби бугарски пасош, пристигна во Охрид за да го препознае вториот напаѓач, кој наводно го нападнал поради етнички причини.

Пендиков пред обвинителот објаснил какви повреди добил и по кои делови од телото го удирале напаѓачите.

Постапката се води против 23-годишен битолчанец, а според првите информации тој е осомничен дека сторил кривично дело тешка телесна повреда.