Казнети 204 возачи за непрописно затемнети стакла и користење на флешери

Од 1 до 31 октомври, Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола за санкционирање на неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата и неовластено вградување и користење на уреди за давање на посебни светлосни и звучни знаци во возилата.

При контролата санкционирани се 204 учесници во сообраќајот, од кои 202 за прекршокот на неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата и две санкции за неовластено вградување и користење за уреди за давање на посебни светлосни и звучни знаци во возилата. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.