Како високиот притисок му штети на срцето ако не се лекува

Можеби во моментов се чувствувате добро и во форма, но доколку имате висок крвен притисок и не водите сметка за него,мора да знаете дека вашето срце и артериите поднесуваат голем притисок и стрес. Таквата состојба го зголемува ризикот од срцев удар или застој на срцето.

Но, на проблемите тука не им е крајот, оти долгорочно, артериите оптоварени со висок притисок спречуваат нормален проток на крвта.

Со оглед дека сите ткива и органи во вашето тело им е потребна крв за правилно да функционираат, не е тешко да се разбере дека високиот притисок е проблем кој со тек на времето, ако не се држи под контрола, ќе влијае на здравјето на мозокот, бубрезите, очите, коските, па дури и на половите органи.

АРТЕРИИ

Се почнува во артериите кои ако се здрави со мазна и еластична обвивка на внатрешните делови, непречно пренесуваат крв од срцето во останатите делови на телото. Високиот притисок ја менува ваквата слика. Може да ги оштети клетките на внатрешните ѕидови на артериите. Ако притисокот на попушти, доаѓа до пукање на обвивката на крвните ѕидови кои веќе не се мазни и ќе изгубат на еластичност. На тие места се таложат масни наслаги (плак), крвта не може слободно да се движи околу тие препреки, што на крајот доведува до запушување. Ова оштетување може да предизвика растгенување на ѕидовите на артериите надувување како балон, кое се нарекува анеуризма. Таа може да се отвори и да крвари.

СРЦЕ

Срцето е мускул и за правилно функционирање му е потребна крв. Доколку дотокот на крв се поремети тоа може да предизвика:

  • Неправилност во отчукувањата (аритмија)
  • Болка во пределот на градите (ангина пекторис)
  • Срцев удар

МОЗОК

Високиот притисок е водечка причина за мозочен удар. Кога артеријата во мозокот ќе пукне, почнува да попушта или се запушува и може да го спречи доаѓањето на крв во клетките на мозокот. Зависно од тоа кој дел од мозокот губи крв и која е неговата функција, последици може да бидат проблеми со говорот, видот, движењето или било што кое го контролира мозокот. Доаѓа и до потешкотии со размислувањето и помнењето, а тоа предизвикува состојба позната како васкуларна деменција.

БУБРЕЗИ

Едно од пет лица со зголемен крвен притисок развива болест на бубрезите. Бубрезите се потпираат на мрежа од ситни крвни садови преки кои примаат кислород и хранливи состојки и го филтрираат отпадот од телото.

Кога крвните садови ќе се запушат, бубрезите не можат да ја извршуваат својата функција.