Како да направите американски палачинки? Ова е тајниот рецепт

Совршениот појадок во светот постои, а тоа се американските палачинки кои се приготвуваат за само 10 минути, а нивниот вкус се памети засекогаш.

Брзи, лесни и вкусни, потребно ли е нешто повеќе за некое јадење да стане дел од нашето секојдневно мени?

За да ги приготвите омилените палачинки, потребни ви се овие состојки:

  • 1 чаша брашно 

  • 1 чаша млеко 

  • 1 јајце 

  • Пола лажичка сол 

  • 2 мали лажички пециво

  • 2 големи лајци шеќер

  • 2 големи лајци растопен путер/маргарин

Најпрво сите состојки се ставаат во голем сад каде се мешаат заедно за да се соединат. Потоа продолжувате со мешањето, додека сместа не остане без грутки. 
За да ги испржите палачинките, се става многу малку масло кое го оставате да се загрее а потоа, во зависност од посакуваната големина на палачинката вие ставате смеса во тавата. Кога палачинката ќе се направи на едната страна, ја превртувате и се пржи и на другата страна.

На крај, американските палачинки ги сервирате со овошје и нутела или мармалад.

Наздравје!