Кафе или чај: Што е поздраво?

Кафето и чајот се вообичаена утринска навика.

Photo by Katrin Hauf on Unsplash

Но, често се води дебата што е поздравата опција. Кога станува збор за кофеинот, една шолја црно кафе содржи 92 мг, додека пак една шолја чај содржи 47 мг кофеин. Кофеинот е познат по тоа што ја подигнува енергијата и го подобрува фокусот, но го намалува и ризикот од одредени болести. Но, важно е да се знае дека претерани количини од оваа состојка можат да имаат долгорочни ефекти на здравјето. Затоа, во однос на кофеинот, кафето се смета за поризична опција.

Една предност која чајот ја има е присуството на л-теанин, аминокиселина која помага во регулирање на нивоата на енергија во текот на денот. За разлика од брзата енергија која ни надоаѓа кога ќе се напиеме кафе, л-теанинот придонесува за подолго чувство на фокус, одржувајќи нè будни подолго.

Во однос на антиоксидантите, и кафето и чајот содржат антиоксиданти кои придонесуваат за намалување на ризикот од кардиоваскуларни заболувања, невролошки проблеми, болести на црниот дроб и некои видови рак. Редовното консумирање чај придонесува за намален ризик на рак поврзан со дигестивниот тракт, на тој начин што антиоксидантите во чајот придонесуваат за поголема заштита.  

Сумирано, кога станува збор за кафето и чајот, најважен е личниот избор, како и тоа колку фокус и енергија и фокус ни се потребни во текот на денот.