Интересна комбинација за вкусен ручек - прокељ, сланина и костени

Зимата е период кога поминуваме повеќе време во домашна атмосфера, а за пријатно поминато време дома, секогаш е добро да имате вкусна храна во која ќе уживате. Малку некарактеристичен предлог за овие предели, но секако следниот рецепт нуди нешто ново, креативно и дефинитивно вкусно. 

Се работи за одлична мешавина од прокељ, сланина и костени. Верувајте дека многу ќе ви се допадне, а сите овие намирници во овој период се лесно достапни. 

Потребно ви е:

-1 ¼ кг прокељ (малечки топчиња, може да ги исечете на половина)
-6 парчиња сланина исечена на парчиња со големина на залак (или употребете повеќе, ако сакате)
-200 гр костени
-50 гр путер

Подготовка:

Во големата тава ставете солена вода и ставете ја на оган да зоврие, а потоа ставете го исечениот прокељ. Откако ќе зоврие, варете 5 минути. Исцедете го, ставете го под млаз ладна вода додека не се излади, па повторно исцедете го.

Потоа, загрејте голема тава за пржење на оган, додадете ги парчињата сланина и пржете 10 минути додека не станат крцкави и златни по боја. Извадете ги од тавата, оставајќи ја маснотијата настрана, а потоа додадете ги костените и пржете на силен оган додека не се затемнетат. 

Потоа, ставете го прокељот во тавата и попрскајте малку со вода, потоа покријте го садот и завршете гответе на средна топлина околу 5 минути, мешајќи одвреме-навреме, додека не омекне.

Следно треба да ја зголемите топлината, па да додадете поголем дел од парчето путер и да пржите уште 2 минути. Истурете ја сланината и костените, обилно зачинете со сол и бибер, а потоа послужете со последното парче путер одозгора.