Иницијатива за пофалба: Триесетина ентузијасти денес го „светнаа“ Водно

Денес е првиот ден од есента, прв дена од климатските промени и Европски ден за одржливи заедници. Ова беше причина триесетина ентузијасти да ги здружат силите и овој убав сончев ден да го искористат за да направат нешто корисно и позитивно, а се надеваме со тоа да мотивираат и други да го следат нивниот пример.

I Love Hiking Macedonia, заедно со брендовите кои ги поддржуваат и планинарите кои сакаат чиста и здрава средина денес спроведоа еколошка акција за чистење на Водно. Се поминаа три патеки, Олимписка, Новогодишна и патеката асфалтирана покрај сите летниковци. Се собраа број кеси кои ЈП Паркови и зеленила ќе ги дистрибуираат, понатаму.

Тие велат: Знаеме дека не е многу, но е еден почеток на кој ќе нема крај. А, ние додаваме дека ова е и премногу за нашето убаво Скопје и за уште поубавото Водно кое го сакаме сите. Креваме палци и велиме „браво“ за ваквите ентизијасти и за еколошките акции со кои ќе ги разубавиме нашиот град. 

 

21 септември. Прв ден од есента, прв ден од Климатските промени, Европски ден за одржлива заедница и прва наша еколошка...

Posted by I love hiking - group Macedonia on Saturday, September 21, 2019