Претстојниве октомври и ноември два интересни музички настани во главниот град.
Во октомври очекувајте го концерот на единствениот неповторлив шоумен Игор Џамбазов, додека во ноември вечер со познатиот романтичар Владо Јаневски.
Шеесет години Игор Џамбазов и „Првите триесет“ со неговиот вечен блуз-сопатник Гуру Харе концертно ќе се прослават на 21. октомври (сабота) во Македонска Филхармонија, Скопје. На концертот ќе биде изведен новиот материјал од албумот “Првите триесет” и најголемите хитови на Игор Џамбазов и Гуру Харе.
Концертот на Владо Јаневски кој треба да се одржи во Македонска Филхармонија на 16-ти ноември се распродаде во рок од пет дена, откако влезниците беа пуштени во продажаба. Организаторот на настанот, Авалон Продукција најавува и втор концерт на Јаневски поради големиот интерес на публиката. Истиот е закажан на 25-ти ноември, а влезниците по цена од 1.500 денари се пуштени во продажба.