Видео: Владо Јаневски со нова балада ги разнежни фановите

Познатиот скопски романтичар Владо Јаневски ја објави својата најнова песната со наслов „Ненормален“.

Љубовната балада е снимена во Скопје и во Загреб, а е најава за новиот албум на пејачот кој е најавен за следниот месец за кој се најавува дека ќе биде во негов препознатлив музички стил, но со модерни призвуци.

Аранжманот на новата песна е на Никша Братош и Валентино Скендеровски.

-Моќна и емотивна, велат фановите за новата балада.