И Ирска ги укинува речиси сите ковид-рестрикции

Ирска, по примерот на неколку други земји ги укинува ковид рестрикциите. 

Државата од денеска ги укинува скоро сите ограничувања. Земјата е една од највнимателните во ЕУ во однос на ризиците од коронавирусот. Таа ги воведе едни од најдолгите ограничувања за патување. Владата одлучи дека нема да има потреба да се затвораат баровите и рестораните во 20 часот како и од  клиентите да се бараат докази за вакцинација. Затворените и отворените простори ќе  работат со полн капацитет. 

Ирска минатата недела беше на второ место по новозаразени со коронавирус во Европа, но во исто време е меѓу европските земји со висока стапка на вакцинација.